Успешното справување со коронавирусот, што е резултат на вложувањата на Владата на СДСМ во здравствениот систем, во целост ги оправда нашите политики кон здравството, како еден од основните општествени столбови, изјави на денешната прес конференција претседателот на ОО СДСМ Прилеп и претседател на Совет на општина Прилеп, Миле Талевски.
Талевски се пофали дека здравствените работници и вработените во здравствените институции кои се справуваат со пациенти заболени од кopoнавиpycoт ќе добијат 20% повисока плата за 2 месеци.
Оваа мерка не ги опфаќа докторите и специјализантите од другите одделенија во болниците и здравствените институции, иако имаше голем број здравствени лица кои се зapaзиja со виpycoт.
Ваквата поделба предизвика голем револт кај останатите здравствени лица, кои и претходно беа разочарани од власта поради неисполнетото ветување за плата од 100.000 денари за лекарите специјалисти.
Прес конференцијата на Талевски проследете ја во продолжение: