Заев: Ќe коpистам само делумно обезбедување и ќе се вработам во една од приватните фирми

Од сите привилегии што законски ми следуваат како поранешен премиер, јас ќе го искористам само обезбедувањето, а ќе се откажам од апанажата, од службеното возило и од возачот, изјави поранешиот премиер Зоран Заев за порталот „А1Он“, откривајќи дека планот му е да се вработи во една од семејните фирми и да користи возила што се во сопственост на фирмата, а не на државата.

Според Законот за Влада, тој има право да користи привилегии вкупно четири и пол години, односно толку време колку што ја извршуваше премиерската функција.

Што се однесува до обезбедувањето, Заев вели дека ваквата привилегија ќе ја користи делумно, иако законот предвидува да му бидат доделени шестмина бодигарди од Министерството за внатрешни работи (МВР), кои самиот ќе си ги одбере и кои ќе го чуваат 24 часа.

– Апанажа нема да користам. Ќе се вработам во некоја од нашите семејни фирми, па возило ќе добијам од семејната фирма. Обезбедувањето ќе го користам делумно, како што предвидува законот – изјави Заев.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.