Заев со транспарент „Само една има вистина, има една Македонија“ пречекан во Валандово, мал број граѓани на неговата трибина (ФОТО)

Премиерот на Република Македонија ја продолжува кампањата со која бара од граѓаните да гласаат „3А“ на референдумот за договорот со Грција и промената на уставното име на Македонија.

Тој денеска беше во Валандово, каде со транспарент беше пречекан од граѓаните.

-Само една има вистина има една Македонија, пишуваше на транспарентот со кој граѓаните го пречекаа Зоран Заев.

Инаку, како и вчера во Штип, многу мал интерес од страна на граѓаните имаше и во Валандово, на трибината на која говореше премиерот на државата, имаше околу 100-тина луѓе.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.