Заев: Со прогласувањето на Шара за национален парк, ќе се ускрати правото на пасење на добиток

Лидерот на СДСМ Зоран Заев оценува дека сите процедури се уште не се завршени околу прогласувањето на Шар Планина за национален парк. Според него се уште не се знае дали со прогласувањето ќе има проблеми на друга страна.

– Постојат процедури согласно меѓународните стандарди за прогласување на национални паркови, сакаме да ги исполниме, кога се носиме од поривот за нешто добро како национален парк треба да знаеме какви права ускратуваме. Како што е правото на пасење на добиток, како што е правото користење на природни ресурси. На крај со консензус да ја донесеме одлуката, овие се убави работи, колку повеќе го унапредиме и заштитиме така и да внимавме и реперкусиите. Да видиме дали тоа значи можности за развој на Попова Шапка, дали се ограничува нешто, какви се перспективи има и на крај ќе има одлука, рече Заев.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.