Заев со пopaка за Дeнот на македонcкиот jaзик: Гopд cyм дека го сочyвавме aмaнeтoт на нашите пpeдци

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, преку видео порака се обрати по повод 5 мај – Денот на македонскиот јазик. Цитирајќи го македонскиот великан Блаже Конески дека „Јазикот е најаша најкомплетна татковина“, Заев потсети дека на овој ден во 1945 година, азбуката на македонскиот јазик е усвоена како официјално писмо, а денес, додава поранешниот премиер, нашиот јазик е признаен и потврден.

– На тој јазик комуницираме во своја, независна и слободна држава, но на тој јазик комуницираме и со нашите пријатели ширум светот. Гордо и достоинствено. Пред една година Владата на #СДСМ го прогласи денешниот ден за Ден на македонскиот јазик, тргнувајќи од потребата за што поголема грижа за нашиот мајчин јазик. Афирмацијата и унапредување на македонскиот јазик, како официјален јазик на нашата татковина е наша водилка.
Македонскиот јазик е еден од клучните кодови на нашата посебност и самобитност, темел на македонскиот идентитет. Горд сум што денеска, кога го празнуваме Денот на македонскиот јазик, 5-ти мај, можеме да кажеме дека го сочувавме аманетот на нашите предци. Македонскиот јазик е реалност, признаен од целиот свет, впишан во картата на јазиците и во нашата карта во Обединетите Нации, вели во видео-пораката претседателот на СДСМ, Зоран Заев.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.