Заев призна: По моја вина се спpeчиja пocтaпките за kpиминaл пpoтив двајца функционери од СДСМ

Новинарот во отвореното студио на телевизија 24 вечерва го потсети премиерот Зоран Заев на негова изјава од пред една година кога тој не се изјаснил конкретно што се случило со двајца министри или директори на СДСМ по кого е поведена постапка преку финансиската полиција и преку другите истражни органи, што се случи со нив кој се тие?

-Разрешени се, не постојат веќе на функциите, затоа што веројатно со мојата транспарентност и коментар блокирав одредени дејствија каде што земаа заштитни позиции и до крај не можеа да се комплетираат истрагите. Намерата беше да одат во затвор доколку се комплетираат постапките, но во најмала рака се разрешени, вели Заев.

Тој додава дека поради транспарентноста и негова вина се спречени постапки за криминал.

Извор: “Курир”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.