Претседателот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев, призна дека лидерот на ДУИ Али Ахмети го надгласал во Владата за кратење на платите на администрацијата.
Гостувајќи во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија тој истакна дека дал предлог за кратење на платите на администрацијата но неговиот предлог со мнозинство бил надгласан на седница на Владата.
Заев сепак најави дека оваа мерка би можела да биде воведена во иднина.