Заев побара прошка од народoт: Да си простиме и да пружиме рака на помирување

-Да ги совладаме суетата и празното самозадоволство, и да си пружиме рака за помирување како одлика на чесни луѓе – вели во пораката по повод денешниот празник Прочка, претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој побара прошка од народот на денот на големиот христијански празник.

-Простувањето и помирувањето се одлики на големи народи.

Денеска е прочка и ден за простување, но тој чин нема да ја добие суштината ако претходно нема покајание. Простувањето ќе остане празен збор, ако од лагата се прави поголема лага. Ако продавате кули од лаги и магла.

Прочка е празник на простувањето, но простувањето не значи да се заборави – вели во пораката Заев.

И техничкиот министер Оливер Спасовски се огласи по повод денешниот празник Прочка.

-Почитувани граѓани и православни верници, денеска е празникот Велики поклади – Прочка. Празникот на искрената и пожртвувана љубов кон ближните. Празничен ден кога бараме прошка и кога со тој голем дар ги отпочнуваме деновите на големиот велигденски пост, како подготовка за најголемиот православен христијански празник – вели Спасовски во пораката.

Тој на сите православни верници им честита денешниот празник и им посакува добро здравје, духовно помирување и обединување околу вистинските вредности на мир, пријателство и меѓусебно почитување што ги носи овој ден.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.