Заев откри дека половина семејство меѓу кои и децата и братот биле зapaзени со кopoнавиpycoт- тој ниту еднаш не бил во изолација

Премиерот Зоран Заев, во синоќешното гостување во емисијата Топ Тема откри дека членови од неговото семејство веќе ја прележале кopoната и дека лично смета дека во земјава се создава колективен имунитет, пренесува Курир.

Заев кажа дека според информациите кои стигнале до него, можно е да се создаде колективен имунитет во Македонија.

„Макар што, според мое лично мислење, ако дневно просечно заболуваат по 1.000 лица, има веројатно 10.000 што не знаат за зapaзата. Затоа веќе се тестира со тестовите за антитетла, IGM и IGG, за да видат колку е тоа отприлика распространето. Еве, половина од моето семејство ја помина кopoната. Двете деца ми беа позитивни, брат ми беше позитивен, братучедите, внуците… А другиот дел, од тие што е поминаа, меѓу кои сум и јас, јас не сум бил досега позитивен, половина од нив веќе имаат антитела “, рече Заев.

Јавноста веднаш по оваа негова изјава започна да бара одговори зошто тој ниту еднаш не бил во изолациja иако дел од неговото потесно и пошироко семејство биле зapaзени со виpycoт?

За потсетување Заев само еднаш отиде во самоизолација оваа пролет заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по интервјуто на Канал 5 телевизија со водителот Гоце Михајловски кој беше позитивен на виpycoт.

Извор: КУРИР




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.