Ново видео со драматична музика во позадина осамна на Фејсбук фан страната на премиерот Зоран Заев, а потекнува од вчерашната седница посветена на пратенички прашања во Собранието.
“Не се чувствувам помалку Македонец од претходните премиери, тоа што нѐ разликува од сите влади и премиери досега, е што без разлика на политичките цени, ние храбро носиме одлуки. Носиме одлуки за да обезбедиме сигурна иднина, да го верифицираме нашиот идентитет и да ги задржиме младите тука, во земјата. Тоа е македонштината за мене”, истакна Заев.