Синоќа премиерот Зоран Заев гостуваше во емисијата Економски Магазин на Алсат телевизија каде на едно од прашањата за тоа дали ќе има силна реформа за да може да се преструктуира стопантството, посочи дека еден начин за да се помогне во економијата е намалувањето на јавната администрација.
-Рековме 20% намалување на администрацијата, тоа значи сигнал за кратење на непродуктивни трошоци за да ја помагаме економијата преку капитални инвестиции. Реформите мораат да се случат во државата. Јас кажав во една изјава сите сакаме швајцарски плати ама никако не ни се работи со продуктивност како што е просекот во западна Европа. Тоа мораме да го промениме сите, рече Заев.