Заев избега од новинарите во Штип

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска одби да даде изјава за медиумите и да одговори на критичните прашања кои се отворија во изминатите неколку дена, пишува Курир.

За денес во 11:00 часот, во Штип, на местото “Три чешми”, Заев заедно со генсекот на неговата партија, имаа најавено изјава за медиумите.

Но, новинарските екипи останаа paзочарани, затоа што лидерот на СДСМ само направи увид на градежни работи и не застана да зборува пред медиумите.

Критичните прашања на кои Заев требаше да одговара се екцплозивот кој синоќа беше фрлен над семејната продавница на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, во скопската општина Ѓорче Петров.

Заев требаше да одговара и за новите снимки кои се појавија, а според кои се отворија индиции дека парите од peкетот завршиле кај него и кај неговиот брат.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.