Заев го корегираше Ѓоковиќ: Ние сме Северна Македонија

Новак Ѓоковиќ им приреди незаборавна вечер на своите навивачи.

Се уклучи во живо на социјалните мрежи да ги поздрави фановите од цел свет, а тогаш прочита коментари и од наши сограѓани. Тој зборуваше за Република Македонија, за Македонците, ја запеа „Македонско девојче“ и изрази желба да ја посети нашата земја. Земјата која тој ја нарекува по нашето уставно име Република Македонија.

Но, тогаш се јави премиерот Зоран Заев и во пост на Фејсбук го корегираше Ѓоковиќ, нарекувајќи ја нашата земја Северна Македонија.

„Драг Novak Djokovic, твојата изведба на преубавата “Македонско девојче” нѐ воодушеви сите во нашата земја.

Прекрасно е чувството кога Ас како тебе се обраќа со почит и љубов на нашиот македонски народ и на сите граѓани во Северна Македонија. Те чекаме во Охрид и Скопје и на сите други убави места, тука во нашиот мозаик од култури и вредности. Ти упатувам отворена покана во име на Владата и во име на нашите граѓани. Воедно, те следиме на Вимблдон и ти посакуваме успех“-напиша Заев.

Видео: Sport1




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.