Заев: “Во 2020-та исполнивме се што ветивме”

И покрај сите предзивици со кои се соочивме, можам да кажам дека во 2020 година успеавме да им го испорачаме тоа што им го ветивме на граѓаните. Минатата, 2020-та, не научи да бидеме погрижливи, посолидарни и сплотени, покажа дека кога има криза најважно е да сме здружени. Затоа Владата беше фокусирана на поддршка на секој граѓанин на кој му е потребна потпора, 2020 покажа дека инклузивното креирање на политиките и водењето грижа за потребите на луѓето, носат стабилност и раст на економски план, рече денеска премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со министерот за финансии Фатмир Бесими.

Оваа, 2021, напомена Заев, е година на рестарт и заживување. Кризата е можност и од нас зависи, порача премиерот, колку ќе ја искористиме. Клучни ќе бидат капиталните инвестиции за кои се проектирани 23 милијарди денари, инфраструктурата, енергетиката, дигитализацијата и земјоделството.

Буџетот, подвлече премиерот, е избалансиран, одговорно планиран и кроен соодветно, за да одговори на предизвиците.

-И во време на пандемија, во консулатција со стопанските комори, синдикатите, академската фела и граѓанскиот сектор, обезбедивме ликвидност и опстанок на компаниите, задржувајќи ги вработените каде што е тоа можно. Македонската економија е стабилна, жива и динамична, не дозволивме потрошувачката да запре, а тоа е можно сако ако добро се планира и ако брзо, соодветно и паметно се реагира. Ефектите се видливи. На економски план, се покажа дека борбата за спас на работните места е најправилната и најчовечната стратегија, подвлече Заев.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.