Зголемените налети на ветерот во средината Јадранот и во саботата навечер создаваа повеќе метарски бранови, така што сите линии на катамараните кои го поврзуваат Сплит со островите сè уште се во прекин.
Ветерот достигнува брзина и до 80 километри на час во централниот јадрански регион, а во попладневните часови не пловеше линијата Сучурај – Дрвеник – вели Јелена Ивулиќ од агенцијата „Јадролинија“.
Таа додаде дека поради зголемените налети на ветерот, траектот на линијата Трогир – Дрвеник Мали – Дрвеник Вели, дури и не испловил.
Поради обилните врнежи од дожд кои го зафатија Загреб во текот на поголемиот дел од седмицата, се зголеми водостојот на реката Сава.
Поројниот дожд во градот паѓа од синоќа, што предизвика голем број проблеми во сообраќајот, а според последните информации, реката Сава се излеала од коритото.