Заглавени македонски туристи: Голем пожар близу Порто Карас во Грција (ВИДЕО)

porto-karas-pozar-768x437

Голем шумски пожар ја зафати шумата во близина на Порто Карас на вториот крак во Грција каде што во моментов има многу туристи од Македонија, јавува ТВ Нова.

Дел од нив, како и доста туристи од Србија се заглавени поради огнената стихија која се прошири во близина на патот, што ги оневозможува туристите да се засолнат подалеку од пожарот.

Пожарот зафатил претежно ниска шума и грмушки, но значителниот ветер во голема мера им ги отежнува условите на противпожарните екипи кои се излезени на терен со неколку противпожарни возила.

Во напорите за гасење на огнот учество земаат и екипи кои се обидуваат да го гасат огнот со авиони.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.