Утрово околу 3 часот по полноќ, на улицата „Александар Илиески-Кусиот“ во Прилеп, едно лице го загуби животот. Се работи за лицето Рубинчо Димоски, кој бил совозач во автомобилот.
Незгодата настанала кога автомобилот „фолксваген поло“ удрил во метална конструкција за тутун, при што од ударот Рубинчо Димоски се здобил со посекотини околу вратот, и на пат до болница искрварил и починал.
Возачот е неповреден.
Јавен обвинител наредил обдукција на телото, со цел да се откријат причините за смртта на лицето.