Нашите мозоци мора да останат во форма. А, оптичките илузии и загатките се најдобри за разбивање на секојдневната монотонија.
Загатка по која нема да можете да заспиете цела ноќ: Само оние кои се над просекот ќе ја решат за секунда. Оваа бајковита загатка не бара многу од вас.
Таа гласи: Принцезата останала заклучена во кулата. За да побегне од лошата вештерка мора да помине низ четвртата врата, но постојат само три излеза. Каде е вистинскиот?
Конфузијата во оваа загатка е во тоа што нема четврта врата. Добро погледнете ја илустрацијата уште еднаш, па обидете се да го пронајдете решението.
Точен одговор:
За оние со бујна фантазија, трикот е во симболите. Секој симбол се состои од две споени бројки. Па така, вратата од левата страна е со две четворки, во средината со две единици, а вратата од десната страна со две двојки. Вратата што ја бара принцезата е од левата страна затоа што на неа се споени две четворки, односно тоа е четвртата врата.