Со богата културно уметничка програма, пред многубројните посетители и со заеднички ручек завршија 32-рите Мариовско – Мегленски средби.
Манифестацијата започна со велосипедска тура чиј старт беше од селото Манастир, оваа година имаше и планинско трчање, планинарење и аеробик со цел да се задоволат потребите на околу 800–тината учесници од Балканот и пошироко. Велосипедскиот настан се одржува со поддршка на Локалната самоуправа, а придобивките се веќе препознаени и од страна на Владата на РМ и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за истиот да биде дел од националната програма.
Реализицијата на ваков вид на манифестации го прави овој предел интересен за туристите.
На 32-рите Мариовско – Мегленски средби кои се одржаа пред дворот на манастирот Св.Илија во с.Витолиште присуствуваа повеќе граѓани од Прилеп и Македонија.