На веб страната на Македонска берза и официјално се објавени биографиите на предлог членовите за Одборот на директори на Тутунски комбинат АД Прилеп.
Aлександар Алексоски, Зоран Петрески, Афродита Настеска, Сашко Велјаноски, Гоце Николоски, Афродита Баталовска и Александар Кузманоски се луѓето кои ќе седнат во директорските фотељи, а од нив еден ќе биде и Генерален директор на некогашниот прилепски гигант.
Биографиите на идните директори можете да ги погледнете на следниот линк: https://seinet.com.mk/document/70103
Меѓу членовите на идниот борд на директори е и првиот човек на движењето БЕСА во Битола, Афродита Баталовска. Во нејзината биографија стои дека родена е во Битола, каде како што стои во биографијата по завршувањето на основното “ЧКОЛО” се запишала во средно гимназиско образование, а потоа и на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи.