Заврши интернационалниот Џез викенд во Прилеп – ГАЛЕРИЈА

Со синоќешниот настап на македонски виртуоз Влатко Стефановски и на хрватскиот џез- ансамбл „Франц Кафка“ во он-програмата, како и со свирката на турскиот маестрален џезист Џингис Ибрахим со проектот „Хај џез 3“ во оф- програмата, заврши петтото издание на Интернациоалниот џез-фестивал „Прилеп – Џез викенд“.

IMGL7396

Во изминатите три дена на летната сцена од ЦК „Марко Цепенков“ се претставија 10 ансамбли со 40 звучни домашни и странски имиња од светот на џез-музиката, а бројната посетеност докажа дека прилепчани имаат слух и за овој вид урбана музичка култура.

[Best_Wordpress_Gallery id=”352″ gal_title=”VlatkoStefanoski”]

Годинашниот јубилеен џез- викенд во Прилеп, всушност е заокружување на богатото Прилепско културно лето во чии рамки се одржаа бројни културни манифестации: изложби, концерти, театарски случувања и сл.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.