По кривулестиот кањон на една од најубавите македонски реки, Радика, во непосредна близина на патот Маврово – Дебар се наоѓа неверојатно живописното село Јанче. Површината на селото изнесува само 4,8 km2, а се извишува на надморска височина од 760 метри. Јанче е една од најстарите населби во мијачкиот регион. Од пред повеќе од пет века во долнореканскиот крај, се споменува уште во документацијата на архивот на Истанбул.
Селото прв пат се споменува во османлиските пописни дефтери од 1467 година, кога имало само 1 христијанско семејство (Ѓерѓ Илиевиќ). Потоа се споменува и во 1536/39 година со 6 семејства и 1583 година со 8 семејства и 3 неженети.
Постојат мал број на пишани документи за ова село, од кои се гледа дека Јанче се наоѓало во месноста Јанечки ливади, скриено заради честите качачки пљачкосувања. Подоцна селото се преместило поблиску до патот за полесна комуникација со останатите населени места.
Јанче е една од најстарите населби во мијачкиот регион од пред повеќе од пет века во долнореканскиот крај, која се споменува уште во документацијата на архивот на Истанбул.
Според легендата, првиот жител на селото бил човек со име Јане, по кого се сметало дека селото го добило името.
Јанче е едно од најубавите места во западниот дел на Македонија, а неговата архитектура и местоположба плени уште на прв поглед. Селото е како во гнездо сместено во живописната природа и планинските масиви кои се издигаат насекаде наоколу.
Едноставно остава без здив и пружа уживање како ретко каде има.
За селото Јанче е врзана една легенда, која ја отсликува климата во овој дел. Според кажувањата ако во Јанче паѓа снег, паѓа и во Солун. Ова тврдење многупати било потврдено.
Инаку Јанче е село во Општина Маврово-Ростуше. Во негова непосредна близина се Галичник, Присојница, Ростуше, Битуше, Требиште, Велебрдо, Видуше, Требиште, Скудриње, а нешто подалеку Лазарополе, Тресонче, Могорче, Селце, Гари и други.
Понудата на местото е повеќе од атрактивна. Доволно е само да се земе во предвид дека во реканскиот регион има и други природни убавини и локалитети кои се интересни и привлечни за туристи. Во оваа понуда се вклопува и незаобиколното културно-историското богатство и мноштвото споменици.
Како најатрактивни ви ги нудиме да ги посетите : водопадите ДУФ, во непосредна близина на село Ростуше, селото Галичник по патека Скала, пеш или со коњи, манастирот Св. Јован Бигорски, прошетка низ село Јанче, глацијалното езеро Локув, над селото Битуше, на планината Крчин, мостот Елен скок на Тресонечка река, пикник во борова шума кај планинската куќа, посета на останатите села во реканскиот регион.