Забава и дружење под маски! Пријавете ги вашите најмали навреме! Местата се ограничени!

Еден од најдобрите едукативни центри за странски јазици во Прилеп,  “ДРИМ ТИМ МАКСИ”, организира одлична забава под маски и едукативна работилница за Haloween. Најмладите ќе имаат можност да се дружат, да се забавуваат и да научат повеќе за овој популарен странски празник, за традицијата и што точно празнуваат на тој ден нивните врсници во западно-европските земји. Настанот е закажан за 02.11.2024 од 16-18 часот, а за тие што не знаат “ДРИМ ТИМ МАКСИ” се наоѓа во центарот на Прилеп, во непосредна близина на “Шарена чешма”.

Дечињата донесете ги маскирани, при што ќе следува избор и доделување на СЕРТИФИКАТ за најдобар маска. Пријавете се на телефонскиот број: 070/338-490 и побрзајте, МЕСТАТА СЕ ОГРАНИЧЕНИ!

А пред некој да почне предвреме да суди… во смисла дека славиме странски празник, па тоа не е наша традиција и слично…. еве накратко што значи Haloween и што точно се празнува на тој ден во западните земји.

***************************************************************************

Дали е ова уште еден празник кој ни е наметнат и слепо го прифаќаме иако нема никаква врска со македонската традиција или, пак, на него треба да се гледа како на уште една радост за децата?

НИШТО ОД ТОА!

Ниту наметнат празник, ниту традиција, ниту нешто за кое што треба да креваме голема прашина.

Халовин не е наш празник и не го славиме! Ние, наставниците по англиски јазик, со многубројните активности за Халовин, само сликовито ја доловуваме културата на народите чиј јазик го изучуваме ( исто како и во САД, наставничка по македонски јазик да им предава македонски на американците и им го долови Велигден со јајца).

Нивните ученици зборуваат англиски како да им е мајчин јазик, прогласено за училиште на годината во Македонија, а се наоѓа во Прилеп (ФОТО ГАЛЕРИЈА/ВИДЕО)

Толку!

Ниту славиме, ниту прифаќаме!

Ноќта на вештерките како што ја нарекуваат Американците или „Халовин“, е ноќ на сите Светци и се одбележува во вечерните часови на 31 октомври. Оваа ноќ се одбележува на специфичен и интересен начин, со случувања и забави каде учествува речиси цела општествена заедница.

Се одбележува првенство во земјите како Ирска, САД, Канада, Порторико, Австралија и Нов Зеланд. Подоцна одбележувањето на Ноќта на вештерките се прошири и на многу други земји.

Едно од објаснувањата зошто се одбележува Ноќта на вештерките, вели дека Келтите 1 ноември го сметале за почетокот на новата календарска година и прославата на ноќта претходно ја посветувале на богот на Сонцето и господарот на смртта.

Верувале исто така, дека во ноќта меѓу 31 октомври и 1 ноември, мртвите излегуваат од своите гробови и поминуваат низ местата каде живееле на овој свет, а живите тогаш во страв од нив прават врева за да ги избркаат плашејќи се од средбата со нив. Нешто слично на обичаите за Прочка.

Римјаните подоцна исто така му дадоа значење на оваа ноќ, а ја сметаа како премин во зимата, темниот период во годината. Тие во Ноќта на вештерките го гаселе огнот во огништата и верувале исто така дека мртвите доаѓаат на овој свет, па различен зелечунк, претходно издлабен, го оствале пред својата куќна врата за да ги истераат починатите. Сега тоа се најчесто тикви, односно во поголемиот дел од светот каде што се одбележува оваа ноќ, а која ја прифатиле од Американците.

За крај погледнете како беше минатата година:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.