Соопштение од црковниот храм Св. Петка во населбата “Точила” во Прилеп:
Почитувани верници, браќа и сестри во Христа, и ова 2023-то лето Господово на ден 08.08 (вторник) ќе ја празнуваме славата на нашиот храм па затоа, Ве покануваме заедно да го почувствуваме духот на вековното православно чествување и да го прославиме празникот посветен на нашата закрилничка и молитвена застапничка пред Христа, св. преп. мчца. Параскева (Петка) Римјанка, а во сеќавање на нејзиниот живот кој претставува поука и пример за исполнување на Евангелието.
Молитвеното чествување ќе започне со празнична вечерна богослужба во понеделник (07.08.2022) со почеток во 18:00 часот.
Чествувањето ќе продолжи во вторник (08.08 2022), со Архиерејска богослужба која ќе се одржи под отворено небо, односно на платото пред храмот, а со Божествената Литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар.
По завршувањето на Литургијата ќе се одржи панихида за молитвен спомен на бранителите кои загинаа на Карпалак.
Со почит,
в. д. старешина протоереј Љупче Петрески
со свештенството и настојателството
при храмот „Св. преп. мчца. Параскева (Петка) Римјанка“ – Точила
Фотографиите се направени од МЕРИ БОШКОСКА