За утро без мамурлак

mamurlak_naslovna-e1448891974962

После некоја чаша од омилениот алкохол, сите со задоволство би каснале нешто сочно поради што утрото ќе зажалиме. Меѓутоа, постојат и здрави опции кои можеме да ги консумираме и кои ќе го намалат мамурлакот наредното утро.

Банани

Ова овошје е богато со калиум, електрлит кој инаку се губи при пиењето алкохол.

mamurlak_1-640x371

Вегетаријанска пица

Иако пицата не се препорачува, имаме одлични вести за сите оние кои не можат да се воздржат! Јадете, но бидете паметни: нарачајте парче кое е полно со зеленчук.

Житарици

Содржат сложени јаглехидрати кои го апсорбираат алкохолот. Во нив исто така се наоѓа и витаминот Б кој помага во намалување на мамурлакот.

Палачинки

Палачинки или вафли – ваш избор. Причините се, повторно, јаглехидрати кои го апсорбираат алкохолот.

Овошје

Многу истражувања покажуваат дека мамурлакот ќе биде сведен на минимум кога фруктозата ќе ја замени изгубента глукоза. Овошјето дава енергија, а е многу примамливо на „мамурен стомак“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.