За успех не се важни само годините: Стефанија од Прилеп е девојка која успева во се’, од режија до делегат на Обединети Нации (ФОТО)

Стефанија Стефаноска од Прилеп е матурантка во Гимназијата “Мирче Ацев”, која на само 18 годишна возраст има толку многу интереси, афинитети и подвизи. Пред извесно време се одигра претставата “Чорба од канаринец” која беше во нејзина режија, а наредната реприза е закажана за почетокот од јуни.

Се работи за современа комедија, базирана на една од вечните теми односно машко женските односи. Михајло и Елена (ликовите од претставата) после долгогодишно заедничко живеење одлучуваат да стапат во брак, но дали љубовта во бракот ќе им остане иста во бракот е прашањето порадие кое се полемизира во претставата. Елена сака да стапи во брак зошто верува дека нивниот однос би се зацврстил за разлика од Михајло кој што не сака да стапи во брак воден од стравот дека нема да биде исто како порано. Поради ова одлучуваат да пробаат компримиран брак.

Во претставата играат: Јована Трајковска и Марио Велковски, а истата е реализирана во соработка со литературниот сектор од гимназијата.

Кога се успесите во прашање за оваа млада девојка, ова не е ништо ново. Стефанија неодамна исто така беше и делегат на Обединетите нации на настан кој се одржа во Куала Лумпур, Малезија.

Еве за што конкретно станува збор и што ни раскажа Стефаноска за ова нејзино искуство:

“Испадна многу неочекувано имаше објавено повик од Обединетиве нации за делегат (1 од секоја држава) искрено не ни очекувавв да ме примат, се пријавив и едноставно бидна. Од 7243 апликаци, беше избрана баш мојата. После сите поминати интервјуа и испити, после еден месец го потврдија моето учество. Настанот се одржуваше во Куала Лумпур, Малезија. Конкретно овој настан се одржува за отврдување на стапките на образованието и донесување на одлуки за наредната тековна година. Одлуки кои што економски, социјално и од сите останати гледишта ќе ги исполни потребните односно тековните потреби и барања на државата во образовниот систем. Искрено лично се соочив со предизвик во моментите кога мораше да се преговара со делегатите од држави како Либија, Буркина Фасо, Јемен… Зошто едноставно она што беше за цел дадено (после долги пресметки и планирања со соодветниве државни органи), односно оние бенефити кои што Македонија имаше за цел да ги оствари, многу често знаеа да дојдат во судир. Потребни ни беа околу 14 часа непрестано дебатирање, додека не се стигна до краен заклучок кој што би бил поволен за мнозинството. Т.Е. многу кафе беше испиeно таа вечер/ден??. Во однос на мојата улога после моето враќање беше заклучено дека успешно ја извршив, повеќе од очекуваното”, вели Стефанија.

Покрај искуството во Малезија, Стефанија моментално работи и на проект од програмата на УСАИД, а еве за што станува збор:

“Се работи за проект со наслов “art therapy” таргет група се деца кои што биле жртви на семејно насилство. Се работи за стипендирана програм и соработка на УСАИД со НМСМ. Настанот требаше да се одржи почетокот на февруари, но бидејќи Стефанија си го пропушти авион од Малезија за Катар го преместив проектов за сега крајов на мај. За време на проектов целта е преку глума и цртање да им се помогни да се намали ефектот, односно да се подобри нивното психофизичко здравје. Преку анализа на филмски карактер да се дојди до анализа на нивни сопствени карактери. Крајна цел на проектот е снимање на 4 краткометражен филмој кои што ќе бидат претставени на малиот фестивал “Браќа Манаки” и одржување изложба”, вели таа.

Нејзините интереси и работа не застанува тука. Стефанија наредно се подготвува да замине во Кина каде ќе предава англиски јазик во средно училиште во Пекинг.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.