Реакцијата на едно бебе од Њујорк, што првпат го гледа неговиот татко со нова фризура, стана хит на Твитер и на интернет.
Осуммесечниот Мејсон Картер Харис си седи во своето столче кога во собата влегува неговиот татко Грег. Порано човекот имал подолга кадрава коса, малку налик на онаа на бебето.
Синчето е многу непријатно изненадено од новиот имиџ на таткото…
Снимката од 16 секунди, чија авторка е мајката Мелиса, за три дена собра над 6 милиони прегледи.
aw he's upset his daddy cut his dreads ?? pic.twitter.com/UqRR69bWLx
— stew (@aristew_) March 19, 2019