За тие што плаќаат, oд 1. јануари поскапува струјата

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска соопшти дека од 1 јануари 2026 година ќе се зголеми цената на електричната енергија за домаќинствата. Поскапувањето ќе изнесува:

-Првиот блок – 2,45%
-Вториот блок – 2,87%
-Третиот блок – 3,32%
-Четвртиот блок – 3,84%
-Евтината тарифа – 2,5%

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, посочи дека ова се значително пониски корекции од предложеното зголемување од страна на ЕВН ХОМЕ, кое беше многу поголемо: 7,66% за првиот блок и до 11,86% за четвртиот.

Според РКЕ, за 85% од домаќинствата, поскапувањето ќе изнесува околу 2,28% или 57 до 70 денари на просечната месечна сметка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.