На 13.09.2024 полициски службеници од ОВР Прилеп на место викано „Дражица“, во близина на Прилеп, го лишија од слобода С.Ц.(40) од Прилеп.
Тој бил затекнат при извршување на кривично дело „тешка кражба“ од викендица лоцирана на местото викано „Дражица“, во близина на Прилеп.
Лицето е задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Битола.