За сите носталгичари: Како некогаш изгледал градскиот плоштад во Прилеп (ФОТО)

Центарот или т.н Плочник во 70 – ите години. Фотографиран од Саатот. Стамено, со посебен шмект плочникот го заличува градот, со издигнатите хотели Јадран и Југославија, хотел Скопје, а од далеку подава “раце” и пркоси со својата “виткост” и деветокатницата.

Покрај шеталиштето со мермерни плочки, неправилно расфрлани, се збрале автомобилите на купче на паркингот на среде.

Тоа бил простор за ретките возила кои крстареле низ улиците од коцка.

Покрај булеварот, раскошно зеленило. Дрвата слободно вишнеат и се шират. Прекрасно.

Тука се дуќаните, стара Нама, Југопластика, Борово, летната бавча, т.н Трло, слаткарниците Инзап и Шар, Пензионерскиот клуб, Автобуската станица, и што ли уште не.

Се сместиле удобно трафиките пред и по Јадран од каде граѓаните купуваа весници.

Прилеп “спие” и живее под палката на Југославија. Скромно, делотворно, со мисла за подобро утре.

Извор: “Неделник Зенит”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.