Одделенскиот наставник во ООУ “Kире Гаврилоски”, Никола Кузески, на посебен начин го почнува часот со своите ученици, а целта е децата да стекнат здрави животни навики, преку консумирање здрава храна и преку едукација за се’ она што е здраво за нивниот раст и развој. Нивното мото е:”Нашето тело е единственото место каде можеме да живееме”.
“Секој ден го започнуваме со разговор за здравјето, здравата храна и градењето здрави животни навики.
Државата пред се, воспитно-образовниот кадар и родителите мора, да ги здружат силите, ресурсите и алатките за да ги обучат децата во оваа важна витална тема.
Со учениците мора почесто да се разговара за тоа што е здрава храна и да им се објасни што е контрапродуктивно во нивната исхрана.
Лошите навики во исхраната доведува многу деца да имаат прекумерна тежина, а тоа понатаму носи ризик од здравствени проблеми.
Проблемот не е само во храната. Здравиот живот на детето зависи и од неговата секојдневна физичка активност. Детето мора да дише свеж воздух, да оди надвор да игра, да трча и да ужива во паркови, планина…”, вели наставникот Кузески.
Секоја чест за идејата, и нека ваквиот начин на едукација на младите послужи како пример, за сите останати просветни работници.