Компанијата “АМД Прилепец” започна со едукативни работилници во училиштата во општина Прилеп, на кои целта е учениците да се стекнат со знаења за основните сообраќајни правила и прописи, како и со знаења за зголемување на безбедноста во сообраќајот.
Првата од низата едукативни презентации од “АМД Прилепец” ја одржаа во СОУ “Ристе Ристески – Ричко”, каде учениците покажаа голем интерес и интерактивно се вклучија за време на предавањето.