За секоја пофалба! 50 училишта ќе добијат фотоволтаични системи

Владата на Република Македонија во денешното соопштение најави нов капитален проект со кои ќе бидат поставени фотоволтаични системи на околу педесетина училишта.

„Владата континуирано работи на зголемување на енергетската ефикасност и искористувањето на обновливи извори на енергија. За таа цел на 50тина училишта ширум Македонија ќе се постават фотоволтаични системи во текот на летниот период.

Министерството за образование и наука склучи договор за неповратен грант од 1,1 милион евра со Банка за развој при Совет на Европа, за инвестирање во обновливи извори за енергија.

Со оваа инвестиција ќе се заштедат големи буџетски средства, а тие пари потоа ќе можат да се реинвестираат во инфраструктурни проекти, учебници и дигитални помагала за учениците.

Преку инвестирање во обновливите извори на енергија ќе ги намалиме финансиските трошоци, но и ќе придонесеме за намалување на загаденоста на животната средина.

Владата има визија, план и цел за подобрување на образовниот процес.

Преку квалитетно реформирано образование и преку реализација на проекти ќе го подобриме образовниот систем.

Државата е на патот на промените.“




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.