ЗА ПРИЛЕП

2

Колку што е стар човечкиот живот во Пелагонискиот регион, толку е стара историјата на Прилеп и Прилепско, сместени на североисточиот излез и влез на богатата рамнина, обдарена со погодни природни услови и богатства за живот. Тука човекот, кој се населил уште во најстари времиња, се посветил на облагородување и пресоздавање на природата, приспосoбувајќи ја на своите потреби. Како резултат на макотрпната трудољубивост на човековиот гениј и благопријатните природни услови и богатства, Прилепскиот крај мошне рано станал важен економски, политички и културен центар на Пелагонијата. Поврзан со голем број природни собраќајници низ кој се одвивале живи врски од југ кон север, Прилепскиот крај бил изложен на разни културни и политички влијаниа, при разместуваето и преселувањето на народите на Блаканот. Сите тие оставиле свое влијание и траги врз неговиот историски развиток. Прилеп низ историјата бил изложуван на разни многобројни судири и завојувања, во кој прилепскиот крај доживеал много падови и подеми. Целиот овој живот се одвивал низ крвава борба за опстојување на голиот живот и одбрана на родната грутка. Во оваа борба за опстојување жителите од Прилеп и Прилепско поднесувале големи жртви и не го жалеле својот живот меѓутоа задоени со идејата за слободен живот и непречен економски развиток прилепчани го манифестираат своето незадоволство и се борат за слободна и демократска Македонија. Така и во самостојна Р.Македонија први застанаа во борба против комунистичкиот режим. Така и во 2001 година кога Македонија беше погодена од непријателот Прилепчани беа во првите борбени редови на браникот на татковината! Прилеп е град Херој! Денес Прилеп како град доживува своја ренесанса во секој поглед. Во градот се чуствува раздвижување на секое поле. Ние младите од град Прилеп ќе се бориме и понатаму како и до сега за подобар живот, за просперитет на младите луѓе и слушање на нашиот глас. Ќе се бориме да има единство и слога, соживот и љубов! ПРИЛЕП Е ГРАД ХЕРОЈ!

Автор:

ГОРД ПРИЛЕПЧАНЕЦ  …(1)




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.