За првиот танц на младоженците: “Круна на љубовта” е новото маестрално дело на “Харизма бенд” (Видео)

Во времето на Кралевите и Кралиците, “Првиот танц” се користел за отворање на бал или специјален настан. “Првиот танц” го играле почесните гости, кои често биле членови на Кралско семејство, додека во денешно време овој танц го играат младоженците.

“Круна на Љубовта” е песна наменета токму за “Првиот танц”.

– Со оваа песна ја возвраќаме љубовта на нашата публика. Благодарни сме за поддршката што ја имаме овие 8 години. Сè што правиме, правиме за Вас! – Харизма Бенд

Текстот на песната е напишан од непресушното перо на Огнен Неделковски, певливата мелодија е дело на Александар Митевски, а милозвучниот аранжман е на Бобан Василески., Доколку веќе сте го одиграле Вашиот “Прв танц”, за миг ќе ве вратиме на “подиумот на среќата” со сè тремата. Уживајте во “Круна на Љубовта”

Уживајте во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.