За прв пат после години, зголемен бројот на првачиња во Прилеп – Најмалите ученици за прв пат седнаа во школските клупи (Фото галерија)

650 првачиња, или 20 повеќе од минатата година, денеска за прв пат седнаа во училишните клупи во Прилеп. Ако се има во предвид тоа дека во изминатите години бројот на првачиња постојано се намалуваше, ова е добра вест и конечно Прилеп може да се пофали со раст на бројката на најмалите ученици.

Добредојде на првачињата во сите основни училишта денеска им посакаа градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески и Претседателката на Советот, Ирена Стерјовска Локвенец.

-Денес со огромна радост и гордост им го честитам првиот училишен ден на сите ученици во нашата општина, а посебно на најмалите – првачињата. Оваа година имаме околу 650 првачиња, и со задоволство можам да истакнам дека после неколку години конечно бележиме тренд на зголемување – вистински знак на надеж и позитивна иднина за нашиот град. На нашите најмлади ученици им посакувам среќа и љубопитност на нивното големо патување во светот на знаењето. На наставниците и воспитувачите им посакувам трпение и посветеност, а на родителите, благодарност за нивната неизмерна поддршка – порача Јовчески.

Тој ги потенцираше вложувањата на Локалната самоуправа во образованието во изминатиот период, меѓу кои:

-бесплатен здрав оброк за учениците од I до III одделение
-бесплатни униформи за сите 6.000 ученици во основното образование
-реконструкции и опремување на сите училишта и градинки
-нова спортска сала во ООУ „Блаже Конески“
-8 прочистувачи на воздух за училиштата и градинките




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.