За прв пат досега! Пациентите во прилепската болница од денеска ќе добиваат храна како што доликува (ФОТО)

Во насока на подобрување на условите за исхрана и обезбедување поквалитетна грижа за пациентите и персоналот, кујната во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп е затворена. Од денес, оброците се обезбедуваат преку кетеринг услуга од компанијата „Ана Марија Фуд“, со што се овозможува:

-Подобар квалитет и свежина на храната

-Поголема разновидност на оброци

-Подобра усогласеност со нутритивните и диететски потреби на пациентите

-Оваа промена е дел од континуираните напори за модернизација на болницата и унапредување на стандардите на здравствена заштита. Дополнително, направената промена е и финансиски поисплатлива, со што се овозможува подобро управување со буџетот и насочување на средства кон други приоритетни здравствени потреби. Истовремено, се воведоа дефинирани протоколи за поделба на храната, со цел да се обезбеди еднаков пристап и да се зголеми безбедноста и квалитетот на оброците за сите пациенти и вработени. Раководството останува посветено на унапредување на условите во болницата и обезбедување грижа на највисоко ниво – информираат од прилепската болница.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.