Семејството на познатиот македонски фајтер Кристијан Воденски, понудија парична помош за деца или семејства во Македонија кои се наоѓаат во тешка финанансиска ситуација.
Оваа вест на својот Фејсбук профил ја објави таткото на Кристијан, Ване Воденски.
Воденски живеат во Германија, а нивното потекло е од беровското село Русиново.
Тие планираат да одделат по 100 евра за семејства кои живеат во лоши услови и крпат крај со крај во месецот.
Навистина еден хуман гест кој треба да ги поттикне и другите нашинци во дијаспората да го сторат истото во иднина.