За пофалба! Охридските хотели ги отворија вратите и нудат бесплатно сместување за 60 жители од Драч

Страв ,паника и чувство на несигурност кај жителите од Албанија после катастрофалниот земјотрес.Со оглед на тоа дека по разорниот потрес тлото не се смирува семејставата масовно се иселуваат плашејќи се да останат во нивните домови. Со солзи во очите Павли од Драч кој е сместен во Охрид раскажува дека после 60 години живеење во Драч не е лесно да се напушти родната земја тој вели дека чекаат стручните лица да направат проценка колку се безбедни нивните згради – објави “ТВ СИТЕЛ”.

Дел од охридскиот хотели ,вили и приватни апартмани ги отворија портите и нудат бесплатно сместување а рестораните храна.Околу 60тина жители на Драч моментално се сместени во Охрид но бројот според Црвениот крст се очекува и натаму да расте.

Од Црвениот крст од Охрид велат дека семејставата кои моментално се сместени покрај охридското езеро се лица од најзагрозениот дел во Албанија каде имаше најмногу жртви и материјални штети.

Прилогот на “ТВ СИТЕЛ” погледнете го TУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.