За плати пари нема, за споменик од УЧК има, и тоа 200.000 евра? (Фото)

На 21-годишнината од војната во која загинаа македонските бранители, споменик вреден 200 илјади евра посветен на борците на УЧК ќе биде свечено откриен во Слупчане. Изградбата беше најавена уште лани на 2 мај, денот кој ДУИ го слави како ден на „бранителите“.

-Овој споменик е во спомен на паднатите борци, ОНА, мајките, жените, сестрите од оваа зона, рече тогаш Ахмети.

Токму на 2 мај и ќе биде свечено отворена таканаречената „спомен кула“. Настанот го сподели градоначалникот на Општина Липково Еркан Арифи од ДУИ.

-За она што мачениците го дадоа за нашата слобода, ја поставивме Спомен кулата за да го одбележиме нивното херојско дело за цел живот, пишува тој.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.