Архивот за Прилеп, Македонски Брод и Крушево, го одбележува своето 65-годишно постоење. Во својата збирка архивот поседува 609 фондови, 7 збирки и над 60.000 научно-истражувачки документи – објави “Канал 5”
Најстариот докумет во прилепскиот архив датира од 1788 година, а се работи за купопродажен договор.
За жал, велат од архивот секоја власт низ годините како што заминувале, така со себе ја земале и документацијата.
Најновиот документ кој деновиве е откриен и преведен е од 15-от век, а се однесува на стариод ѕид во центарот на Прилеп, или кај граѓаните познат како Куршумли ан, а кај младите камена бина.
Според оригиналниот документ, сепак не се работи за ан, туку ѕидот е остаток од некогашен голем безистен.
Според Елена Чагороска од прилепскиот архив, ѕидот е остаток од безистен кој бил изграден за време на владеењето на Мухамед Мехмед Фатих од 1432 до 1481 година.
Во 1894 година истиот бил предмет на купопродажен договор. Безистенот бил голем објект кој имал повеќе улички, а во него имало голем број на занаетчиски дуќани.
Прилогот погледнете го ТУКА