Љубиша Тошиќ, од село Трнавска река, во околината на Прешево, одгледува брзорастечко пауловно дрво, од чија продажба, како што вели за српски “Телеграф”, за три години може да се заработат и до 50.000 евра.
Тошиќ појаснува дека тоа е навистина интересна работа, особено за луѓето од помалку развиените места, затоа што може да биде главен извор за приход.
“Толку брзо расти, што за една година од еден хектар може да се заработи и до 50.000 евра. Садниците се одгледуваат под специјални лед светла. Пауловнијата може да се сади на нивите, најмногу до 1.200 метри надморска височина и за година дека ќе порасне до 4 метри”, појаснува Тошиќ.
Тој додава дека во стакленикот и садниците вложил 25.000 евра и дека очекува дека таа инвестиција повеќекратно да му се врати.
Љубиша никогаш не се занимавал со земјоделство, а претходно собирал шумски плодови.
Идејата за одгледување на хибрид од пауловнија во Европа ја промовирале Германците, затоа што ова дрво нив им било потребно како енергенс. Еден метар кубен од пауловнија, заменува еден метар кубен јаглен.