Во текот на вчерашниот ден (29.03.2024) во период од 13-19 часот Секторот за внатрешни работи Битола спроведе акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 78 возачи.
Од нив 36 возила се на подрачје на Ресен, 16 Битола, 15 Прилеп, шест мерки во Македонски Брод, три Крушево и две мерки на подрачје на Демир Хисар.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.