Манастирот Св. Илија Писокал кај село Кален, мариовско, во изминатите години прерасна во едно од најпосетуваните светилишта во околината на Прилеп.
Заслужни за тоа се сите членови на Иницијативниот одбор и голем број нивни пријатели и соработници. Но, се чини дека секогаш ќе постојат некои несовесни луѓе кои ќе се обидат да наштетат на се’ што е убаво и вредно.
Непознат сторител го оштетил параклисот кој се наоѓа на патот Прилеп-Витолиште, пред влезот во манастирот.
Жално и бедно што се’ се спремни луѓе да направат и тоа без да се плашат од Бога.