Почитувани посетители,
Добредојдовте на страниците на здружението на граѓани за промовирање на културните вредности во Пелагонискиот регион “МAРКУКУЛЕ”
Нашата цел за формирање на зружение на граѓани од ваков тип пред се се состои од зголемување на информираноста кај населението за културните навики, вредности и активности од ваков тип, како и активирање и зголемување на граѓанскиот активизам во смисла на давање на придонес кон ваквите активности.
Прилеп е град со голема културна понуда во текот на годината, како и град кој изобилува со културно историски знаменитости, цркви и манастири. Поради тоа наша цел ќе биди и промовирање на ваквите културни манифестации, нивно проширување како и преземање на иницијативи кон сите надлежни фактори за уште поголема афирмација на истите.
Покрај претходно споменатите цел на здружението претставува и промовирањето на образованието кај младите од Пелагонискиот регион, промовирање на уметноста кај граѓаните, промоција на здрави животни стилови и спорт кај населението, подигнување на свеста кај граѓаните за штетното влијание на пороците од 21от век како и промовирање на забавни содржини и настани кај граѓаните.
Уверени сме дека со нашата работа, труд и залагање ќе придонесеме кон подобрување на животните навики на граѓаните како и зајакнување на културните вредности на овој регион.
Александар Георгиоски
Претседател на “ МАРКУКУЛЕ ”