Православните христијани утре го празнуваат големиот празник Рожденство на мајката Божја Пресвета Богородица. Празнувањето на ваквите големи празници има посебна традиција во Прилеп и прилепско и е од огрoмно значење за граѓаните.
А традиција за празнување на овој ден постои и во црквата Рожденство на Пресвета Богородица во село Штавица, каде секоја година е највесело и се собираат стотици верници.
Така ќе биде и утре, кога портите на храмот ќе бидат отворени за сите добронамерници. Утрото со почеток од 7:30ч. ќе се одржи света литургија, а потоа ќе има и жива музика. Верниците ќе ги забавуваат естрадниот пејач Дарко Стојаноски и неговиот бенд.
Управата на храмот се погрижи во пресрет на празникот дворот буквално да свети, па прилепчани утре ги очекува прекрасен амбиент, а убавото време со сигурност ќе придонесе за убаво празнично расположение.