Копнените граници на Грција за македонските граѓани остануваат затворени уште две седмици.
Грчката Влада, за уште две седмици ја продолжи забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, како и мерката за ограничување на копнените поврзувања на земјата со Македонија и Албанија, јави дописничката на МИА од Атина.
Продолжувањето на конкретните мерки е дел од низата ограничувања што исто така се продолжуваат за две седмици, а ги соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас на редовната прес конференција за ковид-19 во Министерството за здравство.