Звјездана Клариќ е медицински работник и автор на краток текст кој се појави на социјалните мрежи. Но, ова е една од оние приказни каде што сликата што таа ја објави зборува повеќе од зборови.
“Десет години јас и сопругот работиме во брза помош. Со нетрпение го очекуваме распоредот на дежурства, затоа што ниту еден здравствен работник не се радува на тоа дежурство. И тогаш доаѓа 31.12.
Обично дланката е во најлонска кеса и крпа од која тече крв и паѓаат парчиња коски и кожа низ чекалницата поради незграпното придржување на уплаканите родители или пријатели. Несреќникот е комплетно бел од шок и болка и обично е на раб на онесвестување.
Морам да ви кажам дека во живо и во боја е илјада пати пострашно, плус болката е неиздржлива, следува брз транспорт и комплицирани операции за бар некој прст да се спаси.
За една секунда еуфорија од пукањето, се плаќа со инвалидност цел живот. Збогум на спортот, збогум на возењето, друштвото, девојките, работата. Најчесто таткото е заслужен што во рацете на детето се нашла петарда.
Затоа, ако се сакате себе и останатите, сакате да уживате во животот и имате супер планови, пријатели и среќен и безгрижен живот, оставете им ги петардите на оние кои решиле да бидат неповратно несреќни”, порачува Звездана Клариќ