Одлична можност за луѓето кои не се љубители на напорна работа. За два месеци лежење во кревет можете да заработите 16.000 евра.
Имено, Вселенскиот медицински центар во Франција објави конкурс за многу интересна работа.
Се што треба е да јадете и да лежите во кревет 60 дена и за тоа време да заработите 16.000 евра.
Она што се бара од кандидатите е да лежат и на тој начин научниците да ги проучуваат ефектите на микрогравитација.
Лидерот на истражувањето Арно Бек вели дека целта на експериментот е проучување на влијанието на продолжената безтежинска состојба на човековото тело.
Како што стои во конкурсот, за истражување се потребни 24 кандидати, на возраст од 20 до 45 години, а мора да бидат и физички спремни, да не пушат и да немаат алергија.
Деталите на конкурсот можете да ги видите ОВДЕ.
Ф.Г.