Се наплаќа влез во некои од верските објекти во Скопје, се жалат туристите. Деновиве на социјалните мрежи се прошири една слика, каде јасно се гледа, дека за влегување во црквата Св.Андреј на Матка, се наплаќа влез од 60 денари.
Верниците револтирани велат дека разбирливо е по музеите и културно историските знаменитости да се наплаќа, но несфатливо е како може да се наплаќа по цркви каде луѓето самоволно доаѓаат.
Со овој начин луѓето наместо да се привлекуваат да одат по верските објекти се прави истите да се оддалечуваат од нив.
Ова не е пример само во оваа црква, бидејќи во поголемиот дел од црквите во Охрид исто така се наплаќа влез, а особено за странците, каде картата е двојно поголема. На пример, ако за домашни гости карта е 30 денари, за странците картата чини едно евро.
Извор: “Курир”